По синоќешните журки на Водно, премиерот Оливер Спасовски апелира до родителите да не дозволуваат да се повтори такво собирање поради кое мораше да интервенира и полицијата.

– Нема одговорност ако родителите дозволуваат децата во ваква ситуација да бидат надвор. Апелирам до родителите да се однесуваат одговорно – рече премеирот Спасовски.

Групи млади луѓе откако во градот затворија сите кафулиња и ресторани синоќа ги наполнија паркинзите на Водно и спротивно на препораките од Владата се дружеа во големи групи. По објавите во медиумите, полицијата ги растури групите, па возилата во колона се симнуваа од планината.