Од денеска треба да започне скринингот на одредени категории групи на граѓани за Ковид-19. Први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица.

– За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита – најави министерот за здравство Венко Филипче.

Владата вчера донесе одлука за олеснување на рестрикциите, кои ќе се одвиваат во три фази. Вкупната бројка на заболени од ковид-19 во земјава, според податоците од вчера, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 оздравеле, 92 лица починале, а активни случаи има 377.