Граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, од денеска со потврда ќе можат да примат трета доза против коронавирус. Станува збор за вакцината „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно се вакцинирале граѓаните и без разлика дали претходно се вакцинирале во друга држава.

Третата доза посочените групи ќе можат да ја примат најмалку шест месеци по примената втора доза.

Граѓаните од овие категории преку системот „Мој термин“ ќе добијат СМС-порака. Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека нема да има посебен термин или пункт, туку тие ќе може да одат каде било најблиску до местото на живеење.