Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-22, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-12, Струга-3, Велес-4, Битола-9, Охрид-33, Кавадарци-41, Гостивар-9, Гевгелија-4, Струмица-16, Крива Паланка-3, Кочани-2, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Валандово-6, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-2 и Неготино-17.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798. 

Направените 378 теста се преку: ИЈЗ-106, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-75, Систина со PCR метода -155, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 402.822 тестирања на ковид -19.