Фото: Архива

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во Македонија. По градови: Скопје – 12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска изнесува 384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на коронавирус се регистрирани во Скопје – 195; Куманово – 62; Дебар – 47; Штип – 15; Прилеп – 21; Тетово -13; Струга – 9; Велес – 6; Битола – 4; Охрид – 3; Кавадарци – 2; Гостивар – 1; Гевгелија – 2; Струмица- 1; Крива Паланка – 2  и во Кочани – 1.

Во изминатото дено-ноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на ковид-19.

Според последните информации, досега се излекувани 17 пациенти, а 11 лица починаа од вирусот. Бројот на активни случаи во земјава е 326.