Денеска потврдени се два случаи на припaдници на Армијата позитивни на коронавирус.

Станува збор за подофицер и војник во АРМ кои извршуваат работни задачи во гарнизонот Скопје.

Едниот од нив извршувал работни задачи во воениот ресторан во касарната Илинден како помошен персонал, индормираат од Генералштабот.

– Веднаш по сознанието за случајот на војничкиот ресторан извршена е целосна дезинфекција на истиот и преземени се сите потребни заштитно здравствено епидемиолошки мерки, а ресторанот ќе биде затворен наредните 24 часа при што на персоналот ќе му биде делен сув оброк – се наведува во соопштението.

На целокупниот персонал за кој се претпоставува дека бил во контакт со лицето му е одредена изолација, и истиот е од утре ќе биде сменет со комплетно нов персонал.

Двајцата припадници кај кои е откриен позитивен наод, веќе претходните неколку денови биле превентивно во самоизолација откако членови на нивните семејства се посомневале во симптоми на Ковид-19.

Заразените воени лица не патувале во странство.

Од Армијата додаваат дека во изминатиот период целосно ги пoчитуваат препораките од министерството за здравство при што одреден број припадници превентивно се повлечени во самоизолација и при самото сомневање.