Печатницата „Киро Дандаро“ Битола која и во време на вонредна состојба работи без никаков прекин, одлучи да донира 200.000 денари во заштитни маски, ракавици и други дезинфекциони средства за Клиничката болница во Битола.

Донацијата за Клиничката болница е направена според потребите на болницата и спецификацијата на потребните материјали кои ги побарале.

Печатицата „Киро Дандаро“ непрекинато работи и во вонредни услови и според зборовите на првиот човек, Драги Милошевски, има нарачки од голем број држави, како што се Србија, Косово, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Кипар,
Грција, Холандија, Молдавија и од Шведска. М.М.