Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има пет нови случаи на коронавирус, а 14 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 132, од кои 103 се наоѓаат на домашно, а 29 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 222 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 742. Ка.М.