Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има пет нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.

Бројот на активни случаи изнесува 42, од кои 33 се наоѓаат на домашно, а девет на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 80 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 370. Ка.М.