Според информациите на Центарот за јавно здравје, денеска во општина Прилеп има пет нови случаи на коронавирус, а од болеста оздравеле четири лица. Бројот на активни случаи изнесува 63, од кои 44 се наоѓаат на домашно лекување, а 19 се хоспитализирани во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“.

Вкупниот број на заболени од коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 300, а 20 лица починале како последица од вирусот. Во домашна изолација и самоизолација, се наоѓаат 104 лица.

Во насока на преземање мерки за зачувување на јавното здравје и здравјето на граѓаните, денеска оддржа седница Општинскиот кризен штаб. При тоа од општината
информираат дека продолжуваат со дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и населените места.

– Во соработка со Јавните комунални претпријатија од градот и Територијалната противпожарна единица, утре ќе дезинфицираме улици, тротоари, јавни површини и сите пристапи до избирачките места во градот. Како и во изминатиот период, со акцијата ќе бидат опфатени и населените места, при што волонтери со сопствена земјоделска механизација ќе ја спроведат дезинфекцијата на улиците кои водат до објектите во кои граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас – вели градоначалникот Илија Јованоски, упатувајќи апел да се почитуваат мерките и препораките за заштита. Ка.М.