Пет лица од контактите на директорката на Клиниката за дерматологија, Нина Цаца Билјановска, се позитивни на коронавирусот, покажале тестовите направени во Институтот за јавно здравје.

Министерот Венко Филипче рече дека тие немале симтоми, и сите се колеги, здравствени работници кои биле во домашна изолација 16 дена.

– Од тестирани 30 лица кои контактирале со директорката пет се позитивни на вирусот. Останатите ќе се тестираат во следните четири – пет денови. Во добра состојба се, имаат лесна клиничка слика и остануваат во домашни услови во постојан контакт со Инфективната клиника – рече министерот Филипче.

Кај поранешната директорка на Клинката за дерматологија коронавирус беше дијагностициран на осми март, а на девети март во изолација беа ставени сите луѓе со кои контактирала по враќањето од Италија.