Во Битола има вкупно 8 граѓани позитивни на коронавирусот. Од нив 7 лица се со послаба клиничка слика, а само едно лице се наоѓа со посеризона клиничка состојба.
Дали оваа бројка ќе остане иста останува да се знае по добивањето на резултатите од земените брисеви на 38 лица.
– Инаку најстариот битолчанец кој е позитивен на корона вирусот има 85 години.
Станува збор за лицето кое се инфицира во старскиот дом „Сју Рајдер“, а најмладиот инфициран битолчанец има само 5 години – соопшти директорката на Центарот за јавно здравје во Битола, Елизабета Крстева.

Од Министерството за здравство доцна попладнево излегоа со објаснување дека покрај петгодишното дете инфициран од оваа заразна болест е и таткото на детето.
Тие се инфицирани од веќе заболено лице.
М.М.