Фото: Игор Бансколиев/ илустрација

Сојузот на здруженија на пензионери апелира приоритет при вакцинирањето против ковид-19 да имаат пензионерите.

– Во име на над 300.000 возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет – порачаа од Сојузот преку соопштение.

Од Сојузот аргументираат дека пензионерите се најранлива категорија бидејќи голем број од нив се со хронични болести и намален имунитет.