Претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на целата територија која ќе трае 30 дена, а со можност да биде предолжена по предлог на Владата.

Вонредната состојба е прогласена поради справување со ситуацијата со коронавирусот. Имајќи предвид дека Собранието е распуштено и не може да се собере и да донесе одлука, собранискиот спикер Талат Џафери предлогот го проследи до претседателот на државата.

Претседателот кажа дека состојбата во следните денови би можела да биде тешка, па затоа е важно сите да бидеме сплотени и да се придржуваме до владините мерки и препораки. Особено е значајно, истакна Пендаровски, да им се помогне на постарите лица и оние со хронични заболувања.
Во однос на дијаспората, претседателот Пендаровски порача дека е најдобро секој да остане во земјата во која што е, но доколку одлучат да дојдат дома мора да ги почитуваат мерките, а воедно да бидат свесни за можноста за сместување во карантин.

Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот.

Ова е првпат во историјата на државата да биде пред прогласена вонредна состојба.