Претседателот Стево Пендаровски на неговиот профил на Фејсбук напиша дека во моментов има информација дека предлогот на Влада за прогласување вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието.

– Во моментов имам информација дека предлогот на Владата на Република Северна Македонија за прогласување вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собранието ќе го проследи предлогот до мене, по што ќе се обратам до јавноста – напиша Пендаровски.