Пациент заразен со коронавирус синоќа побегнал од ГОБ „8 Септември“, пренесуваат медиумите за кои директорот на болницата д-р Христијан Костов, како и МВР, го потврдиле инцидентот.

Според првичните информации, станува збор за бездомно лице кое избегало од болницата, откако било потврдено дека е позитивно на ковид-19. Случајот веднаш бил пријавен во полиција и пациентот бил вратен во „8 Септември“ уште во текот на ноќта.

Од „8 Септември“ уверуваат дека нема простор за паника бидејќи пациентот бил пронајден во близина на болницата.