Во последните 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на ковид-19 во земјава од направени 702 теста. Тоа значи дека 18 отсто од тестираните во земјата се позитивни на коронавирус, што е една од највисоките бројки на заболени од појавата на епидемијата во државата.

Во Скопје има 67 нови случаи, во Куманово и во Дебар по еден, во Штип има 33 случаи, во Тетово десет, во Струга пет, во Охрид шест, во Кочани и во Пробиштип по два случаи. Има и три смртни случаи.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни, и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран на 5 јуни, и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

На Институтот за јавно здравје се регистрирани седум оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343 лица. Меѓу странците што влегле во земјава има два случаи позитивни на ковид-19.
Во скопските општини, заклучно со завчерашниот ден, во Чаир има 168 случаи, во Центар има 64 случаи, во Бутел 63, Гази Баба 58, Аеродром 57, Сарај 55, Карпош 45 случаи, Кисела Вода 35 случаи, Арачиново 23, Студеничани 19, Илинден 18 случаи, Ѓорче Петров 18, Шуто Оризари 17, Петровец шест, Чучер Сандево три случаи, Сопиште два случаи.