Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од: Скопје – 108, Кавадарци – 28, Кичево – 8, Куманово – 7, Прилеп, Велес и Неготино – по 6, Тетово и Струмица – по 5, Штип и Крива Паланка – по 4, Битола, Гевгелија и Ресен – по 3, Гостивар, Виница, Кратово и Пехчево – по 2, Охрид, Радовиш, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип и Кочани – по 1. Пријавени се вкупно осум починати лица.

Починати се по двајца пациенти од Куманово (73г и 81г) и од Охрид (55г и 85г) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80г), Велес (54г), Струмица (80г) и Берово (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направените 2.161 теста се преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-253, Биотек-217, Жан Митрев (Филип Втори)-137, Систина-160, лабораторија Лаор–119, МАНУ-90, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-7, ГАК-0, Синлаб-39, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 561, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 466.118 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908, а бројот на активни случаи изнесува 7.654.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно)/Активни случаи (вкупно)
Скопје  41.156/3.872
Куманово 5.249/306
Тетово 5.172/297
Прилеп 4.612/155
Гостивар 3.649/187
Штип 3.519/92
Битола 3.249/138
Велес 3.167/252
Охрид 2.882/419
Кавадарци 2.722/368
Струмица 2.557/218
Струга 2.256/196
Кочани 1.741/60
Кичево 1.732/111
Свети Николе 1.087/35
Гевгелија 1.027/111
Неготино 987/85
Дебар 768/78
Ресен 747/90
Крива Паланка 735/37
Радовиш 726/54
Делчево 657/210
Берово 602/37
Пробиштип 511/28
Виница 499/30
Валандово 326/7
Демир Хисар 251/11
Македонски Брод 246/11
Кратово 236/23
Богданци 226/17
Демир Капија 224/52
Крушево 218/35
Македонска Каменица 191/17
Пехчево 183/7
Дојран 86/8