Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес во Лабуништа, Струга, заедно со заменик Министерот за здравство Арменд Арслани, се сретна со директорот на Институтот за Јавно Здравје, Шабан Мемети и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Караџоски, во врска со локалниот кризен штаб за да ги координираат нивните активности и да го спречат ширењето на вирусот како и за излекувањето на болните.

– Беше направен увид, констатирано значајно зголемување на заразените, бројка која достигна 25, како и четири починати што нѐ алармираше дека на регионот му е потребна поголема помош – изјави Османи и потсети на заклучоците на телото за координација на кризните штабови на општините, за формирање локални штабови на ниво на месни заедници, со особен акцент на руралните средини, каде одблиску ќе може да се следи состојбата на терен и непосредно да им се помогне на граѓаните.

Османи се осврна и на новите препораки на Владата, за зајакнување на мерките на изолација полициски час, за кои изрази уверување дека оваа е најдоброто решение во моментов за да се превенира наглиот раст на епидемијата.