Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска за денешната седница на Советот, која се држи онлајн, предложи Советот да донесе одлука за издвојување на 20.000 евра за донација за Центарот за јавно здравје. Овие средства ќе бидат употребени за набавка на брзи тестови за ковид-19.

Инаку, општината Битола во измиантиот период веќе во два наврати извдои по 10.000 евра донации за Центарот за јавно здравје Битола. Првата донација во износ од 10.000 евра беше искористена за опремување на молекуларната лабораторија за тестирање, а втората донација за набавка на елементи за кислородна поддршка на болните кои се лекуваат во Инфективното одделение. М.М.