Од вработените во конфекциските фабрики во Штип земени се 788 бриса, а потврдени се 126 случаи на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Од нив, хоспитализирани се 24 лица, додека останатите се на домашно лекување или во изолација.

Филипче вели дека со ова, ситуацијата во Штип и во тетовскиот регион се смирува.

– Останува Скопје, посебно Чаир, каде што епидемиолозите се соочуваат со проблеми околу давање вистините податоци и контакти – соопшти тој.