Во Битола, според Центарот за јавно здравје се регистрирани седум нови случаи на ковид-19.
Од нив две лица знаат како се инфицирале и тврдат дека позитиви станале бидејќи биле во контакт со веќе регистрирани позитивни случаи со членови на семејството.

Три лица воопшто не даваат податок за контакт со потврден случај, а од седумте позитивни, две лица се тестирани приватно за патување во странство и според ЦЈЗ истите се асимптоматски.
Седумте позитивни во Битола се лица на возраст од 28, 37 43, 44, 61 и 73 години
Од Центарот за јавно здравје Битола, кој е Регионален центар информираат дека денеска се регистрирани и 10 оздравени лица (7 од Кичево, по едно лице од Битола, Ресен и Демир Хисар).
М.М.