Вакцинирањето на деца од 12 до 17 години во земјава ќе започне в понеделник и ќе се врши во постојни вакцинални пунктови. Досега, пријавени се 1 789.

Најголем број од пријавените деца се за вакцинација во Скопје. Како што информирале од Министерството за здравство во поликлиниката во „Букурешт“ пријавени се 402, во „Јане Сандански“ 287, во „Чаир“ 110 и во „Бит Пазар“ 5.

По Скопје, втор град со најмногу пријавени деца за вакцинација е Битола 123, потоа Тетово 112, па Куманово 88, Охрид 84, Велес 79, Прилеп 67, Кавадарци 54, Гостивар 53, Струмица 47, Гевгелија 46, Штип 45, Струга 31, Кичево 30, Неготино 20, Ресен 19, Кочани 17, Вевчани 13, во Берово 11.

Во десетина градови, пак, има по помалку од 10 пријавени деца. Станува збор за: Дебар 9, Валандово и Свети Николе по 8; Пробиштип по 6; Делчево и Радовиш по 5; Виница и Крива Паланка по 4; Демир Хисар и Македонски Брод по 2; Кратово и Македонска Каменица по 1.

Како што е познато од претходно, децата и тинејџерите ќе се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи, како што наведоа здравствените власти, во моментов тоа е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст.