Владиката на Пелагониската епархија, Петар, во вчерашната проповед после литургијата во црквата „Свети Велокомаченик Димитриј“ во Битола, упати апел до сите верници дека состојбата со пандемијата е крајно сериозна.Тој остро ги критикуваше сите оние кои не веруваат во коронавирурот.

– Во нашата епархија имаме двајца починати свештеници. Еден на 78-годишна и еден на 39-годишна возраст, кој не боледуваше од никаква болест. Ова е сериозна болест. Не можам да осудувам како сето тоа се случило, но не заборавајте една работа, што е сигурна, дека ние сме потенцијални убијци, пренесувајќи ја оваа болест. Не е наивна работата! Сериозна е многу работава, браќа и сестри, не е наивна! Исто така, не заборавете, дека не само што сме потенцијални убијци, туку сме потенцијални и самоубијци! Ако ние знаеме, дека некој е заразен од болеста, а ние со него си општиме, си комуницираме, се заразиме, сами сме си ја навлекле болеста и сме станале самоубијци, а самоубиството е најтежок грев – рече Владиката Петар.

М.М.