фото: Маја Јаневска Илиева

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија.

– Денеска, од Австрија ја добивме првата количина вакцини од ‘Фајзер’, вкупно 4.860, преку тимот на Европа, а до крајот на мај очекуваме вкупно 19.890 дози. Процесот на имунизација е исклучително важен, а ставот на Австрија е дека никој не е безбеден додека сите не се безбедни. Сертификатите што граѓаните треба да ги добијат по примањето на двете дози за непречено движење надвор од границите ќе биде предмет на заемно договарање на двете земји. Важно е дека нема да има ограничување со типот на вакцините – рече Филипче.

На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста на процесот на имунизација и заклучија дека недостигот на вакцини е проблем со кој се соочуваат сите земји во светот. На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите што граѓаните треба да ги добијат по примањето на двете дози за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на заемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.

Покрај набавката на вакцините, на состанокот се разговараше и како да се влијае врз подигање на свеста на граѓаните за важноста од вакцинација.