Собраните граѓани извикува „слобода“ и побараа повлекување на новите мерки против ширењето на коронавирусот, на протестот што се одржа вечерва пред Владата.

Првиот говорник кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест в недела, на кој истакна дека ќе присуствуваат 20 илјади граѓани.

Други двајца говорници зборуваа за разединетоста на народот и за светски заговори, за кои докази како докази посочија одредени документарни филмови на социјалните мрежи.

На протест се случи и инцидент, кога дојде до туркање помеѓу првиот говорник и една жена, откако присутните побараа тој да го отстапи микрофонот за време на неговото обраќање.