Предвиденото продолжување на состанокот за протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели, е одложено за утре.

Вчерашната средба помеѓу членовите на Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството за образование и наука (МОН) заврши без заклучоци.

Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се применат за заштита во текот на наставниот процес. Министерството за здравство информираше дека разговорите продолжуваат со цел да се изнајде најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

Финалната одлука за почеток на учебната година, како и за начинот на одвивање на наставата, е во надлежност на Министерството за образование и наука.

Родители покренаа онлајн-петиција преку која се бара во новата учебна година да се одвива настава од далечина. Петицијата, која досега собра повеќе од 2.400 потписи, е дело на група родители кои испратија барање за онлајн-настава и до институциите.

Петицијата е дело на група родители кои вчера испратија официјално барање до институциите се донесе одлука наставата да се одвива онлајн за сите ученици.