Министерството за здравство информира дека во текот на утрешниот ден 14 јули ќе се изврши теренската вакцинација во поголем број населени места во секоја од следните општини: Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово,

Кратово – Туралево, Шлегово,

Виница – Пеклани, Трсино, Трстија,

Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол,

Струга – Мислодежда, Богојци, Поум,

Крушево – Бучин,

Ростуше – Маврови Анови,

Струмица – Раборци, Попчево,

Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници,

Пробиштип – Ратавица,

Валандово – Дедели и Собри,

Берово – Двориште,

Кочани – Спанчево,

Кичево – Црвивци, Мамудовци,

Кавадарци – Сопот, Марена,

Битола – Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани, Канино,

Охрид – Горно и Долно Средоречје, Грко Поле, Лешани, Велмеј, Брежани,

Македонски Брод – Брест,

Велес – Мелница, Лисиче, Г.Врановци,

Крива Паланка – Жидилово, Узем,

Кумановски и Липковски регион – Мл.Нагоричане, Војник, Стрезовце, Орах, Ругинце, Дренак, Клечовце, Зубовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Мургаш, Новосељане и Косматац,

Штип – Стар Караорман, Нов Караорман, Таринци.

Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, информираат од здравство.

Од министерството за здравство додаваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид-19.