Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 43 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Од обвинетите, 30 лица се обвинети затоа што на 19 април, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Прилеп играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот ковид-19.

Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.

Основното јавно обвинителство Гевгелија ги достави предлозите со кои му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.