Од Центарот за јавно здравје Прилеп денеска информираат дека за
една седмица, односно во периодот од 15 до 21 март, во општина Прилеп
има 407 новозаболени од коронавирус, додека од последици на ковид-19
починале 23 лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 940, од кои 118 се наоѓаат на болничко лекување, 707 на домашно, а 115 се лекуваат во дневната болница.

Од болницата велат дека имаат уште 18 слободни места за пациенти, но за жал тие не се поврзани со кислород. Доколку се пополнат ќе се употребуваат боци за кислород.
За ден-два вели Кети Смилеска, в.д. директорка на прилепската болница ќе била ставена во функција и модуларната болница.

– Треба да се постави уште доводот за кислород и да се пушти во функција. Во неа ќе имаме 35 легла – потенцира Смилеска, додавајќи дека кај лекарите, медицинските сестри веќе се чувствува заморот.

Околу 200 здравствени работници примиле вакцини, од кои околу 100 се вакцинирани со двете дози. Останува уште малку здравствени работници и персонал да бидат вакцинирани.

Вкупниот број на заразени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 6.529, а на починати 307 лица. Ка.М.