фото: Зоран Антоски

Висока брока на излекувани 12, мал број на новозаболени 2, a едно лице на 58-годишна возраст, ја загуби битката со короната во болнички услови во Кичево.

Со денешниот биланс во Кичево се инфицирани 268 лица, 75 лица се активни, 182 лица се излекувани и 11 починати. Оптимизмот дека ќе продолжи трендот на поголем број оздравени од новозаболени, се очекува да продолжи и во наредниот период.

– Нашите претпоставки дека во Кичево ќе се зголемува бројот на оздравени и намалува бројот на новозаболени, во целост се остварува. За жал, после подолг период имаме едно лице кое ја загуби битката со короната, по што бројот на починати се искачи на 11. Радува бројката од дури 12 оздравени пациенти по што квантумот на активни случаи се спушти на само 75. И покрај оптимистичките прогнози, сепак мора да бидеме будни и секогаш да бидеме подготвени и за поинакви сценарија. Протоколите мора да се почитуваат, сите непходни превентивни мерки да се превземаат и тоа е носечки столб за подобрување на билансот и добивање на борбата со опасниот вирус – посочуваат од Кризниот штаб.

З.А.