Во текот на изминатите 24 часа едно лице е позитивно на коронавирусот во Прилеп. Според градоначалникот Илија Јованоски новозаразениот е од исто жариште од неколкуте потврдени во Прилеп. Во инфективното оддделение се лекуваат четири лица од кои едно е со потешка клиничка слика.

Градоначалникот Јованоски побара менаџерите на банките да бидат посериозни и да преземат мерки за заштита на граѓаните кои чекаат пред банките, каде има метеж.

Од СВР Битола не информираа дека до денеска е издадено 51 решение за изолација, а контролирани биле 119 лица. Има пет решенија за лица во самоизолација, а се контролираат 86.

Поднесени се уште три кривични пријави против седум лица за непочитување на полицискиот час. Инаку, прилепската градежна фирма „Изофас“, како што информираше на фејсбук, привремено нема да работи заради заштита на вработените.

Денеска на седница на општинскиот совет беа донесени одлуки за укинување на плаќање на закупнина на тезги во пазарот, намалено е плаќањето на фирмарините, за времено ослободување од плаќање на надомест за комунален отпад на правни лица во старата чаршија и за ослободување од комуналии за корисници на социјална помош и самохраните родители. Ка.М.