Вршителот на должноста поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаи, објави дека е позитивен на ковид-19, на својот фејсбук-профил.

– Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид-19. За жал, тој излезе позитивен. Моментно немам никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи – наведе Фетаи во објавата на Фејсбук.

ИВЗ вчера соопшти дека традиционалната манифестација по повод Курбан-бајрам нема да се одржи поради коронавирусот и ги повика верниците да ги почитуваат препораките на здравствените работници.