Министерството за транспорт и врски ги потсетува граѓаните дека на сила и натаму е одлуката за затворање на „Меѓународниот аеродром Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како резултат на пандемијата на коронавирус.

Од таму апелираат до сите граѓани да се воздржат од резервации на билети и дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци, се додека Владата не донесе нова одлука.

– За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме – се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека одлуката за прекин на авионскиот сообраќај на важи само за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

Од Министерството за транспорт повикуваат граѓаните да ги следат информациите од Владата бидејќи во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.