Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од коронавирусот, во Општина Кичево не е регистриран ниту еден случај на прекршување на полицискиот час.

На 27 4.2020година, во 16.30 часот, на локален пат за кичевското село Осој, три лица не ја почитувале забраната за движење и го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад извршен од лицето Р.В.(29) од истотото село, врз СМ (26) и Б.М.(19) двете од Кичево. Против нарушителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во истиот период не се регистрирани сообраќајни незгоди ниту кражби.

Бројот на лица во самоизолација во Кичево во изминатото деноноќие изнесува 5, кај кои во текот на истиот период извршена е контрола и не се регистрирани неправилности, истовремено во регионот се извршени и 77 контроли врз угостителски објекти од страна на полициски службеници и таму не се регистрирани нерегуларности.