Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Приеми немало ниту во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.

Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, велат од МЗ.

Информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.