Фото: Маја Јаневска-Илиева

Предложувањето на нови рестриктивни мерки не е во план, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Ова е нов сој, сѐ уште се испитува, па нема потреба да правиме нови рестрикации – кажа Филипче, додавајќи дека остануваат мерките за кои се смета дека се добро димензионирани, како и дека се следи ситуацијата.

На утрешната седница на Владата ќе се дискутира за финансиската стимулација за матичните лекари, со која тие ќе добијат по 30 денари од пациент, ако ги убедат 70 посто од нивните пациенти да се вакцинираат.