Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатотот деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот-ковид-19, на територија на општина Кичево нема прекршување на полицискиот час од страна на граѓаните.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир,кражби и сообраќајни незгоди.Истовремено полициските службеници од ОВР-Кичево извршиле и 15 контроли врз лица во изолација и таму не се регистрирани неправилности. На ниво на СВР Охрид извршени се и 13 контроли на угостителски и други објекти и сите се придржувале на мерките од Владата, кои од утре ќе престанат да важат, бидејќи се укинува полицискиот час и се отвораат локалите и кафулињата под одредени протоколи.

Вчера во 14.10 часот во зграда лоцирана на улица„ Гоце Делчев“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Л.А.(42) врз Е.И.(50) двете од Кичево.По целосно документирање на настанот ОВР-Кичево ќе поднесе соодветна пријава. З.А.


Кривична пријава за стружанец кој го прекршил полицискиот час

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ ОВР-Кичево поднесе кривична пријава проти Т.Н.(31) од Струга. Тој на 18 мај во 22.50 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, бил сопрен од полициските службеници во патнички автомобил без регистерски ознаки, не поседувал соодветна дозвола за движење во време на полициски час, односно не ја почитувал мерката за забрана на движење на населението од 19 до 5 часот наутро.