Фото: Игор Бансколиев

Моментно нема град во Македонија без ниту еден активен случај на коронавирус, според епидемиолошките анализи. Согласно последните информации, најмногу активни случаи има во Скопје (3.693), Тетово (1.855) и Гостивар (1.513). Најмал е бројот на заразени во Дорјан (2), Демир Капија (3) и Македонска Каменица (5).

Вчера беа регистрирани 882 нови случаи на ковид-19, а починаа уште 14 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.