Новонастанатата ситуација со полицискиот час кој ќе започне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае непрекинато, ќе влијае и на железничкиот транспорт на патници, поради што ЖРСЖ АД Транспорт воведе нов распоред на сообраќај на возовите, поради што некои нема воопшто да сообраќаат.

Возови кои ќе сообраќаат:
• релација Велес – Скопје – Велес:
• воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
• воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот,
• воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13:44 часот.

Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).
• релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
• воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
• воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот.
• воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.
• релација Скопје – Битола – Скопје:
• воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
• воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

Дополнително на ден 08.04.2020 година, (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 релација Битола – Скопје и 661 релација Кичево – Скопје.

Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.