Од денеска на 6 пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит-пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот ковид-19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР-тест или за антигенски брз тест. Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на ковид-19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР-тест.

– Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број тестирања со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава – се вели во соопштението.