Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката била донесена во болница поради тешкотии во дишењето.

– Во општата болница во Струга била донесена пациентка поради тешкотии во дишењето. Таа имала претходна респираторна болест. Направен е обид за реанимација, за жал, пациентката починала, но таа не е дијагностицирана со Ковид- 19. Со оглед на сличноста на клиничката слика на оваа болест, посмртно е земен брис и ги чекаме резултатите – рече министерот Филипче.

Ова е втора пациентка која по смртта се тестира за коронавирус. Прва беше пациентката од Куманово која претходно имала два негативни теста на коронавирус, а тестот направен по смртта покажал дека била заразена со Ковид-19.