Фото: Игор Бансколиев

Во изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според извештајот на Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти министерството за здравство.

Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, потенцираат од МЗ.


Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во последното деноноќие дома биле пуштени 64 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на интерните и на хируршките клиники во Скопје се лекуваат 276 пациенти.

– Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца има 36 лица. На Клиниката за Детски болести има 21 пациент позитивни на ковид-19 и 7 на ГАК – се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од вкупно 592 пациенти потврдени и сомнителени за ковид-19, кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, но се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.