Фото: Игор Бансколиев

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 114, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 29 болни.

Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има  160 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Од Министерството за здравство велат дека и покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.