Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел.

Имено, од Чаир заразени се 11 лица, а во Бутел 6.

По двајца заразени има во Карпош, Аеродром и Сарај, а едно лице е заразени во Гази Баба.

Според информациите на Министерството за здравство, на територијата на државата денеска беа потврдени 62 позитивни случаи на Ковид-19.