Фото: Игор Бансколиев

Меѓу 35-те починати кои беа пријавени во денешната статистика за ковид-19 на Министерството за здравство, најмладиот починат е 28-годишен пациент од Охрид.

Според информациите кои ги соопштија од ресорното министерство, станува збор за машко лице, со две хронични заболувања, кое починало на една од скопските клиники.

Охриѓанецот е најмладата жртва на вирусот во текот на изминатото деноноќие.

Меѓу помладите што денеска ја загубиле битката со ковид-19, е и пациент на возраст од 49 години од Радовиш и 59-годишник од Битола.

Останатите починати пациенти што се пријавени денеска се на возраст од 60 до 88 години.

Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.