Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица по 14, Кочани и Гевгелија по 11, Струга – 7, Тетово и Велес по 6, Неготино и Демир Хисар по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово по 2 и еден заразен во Демир Капија.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 18 починати лица – седуммина од Скопје (92, 90, 88, 76, 72, 70 и 35 години), по две починати лица од Валандово (70 и 64 години), Кавадарци (74 и 71 година), Крива Паланка (88 и 78 години) и по едно починато лице од Куманово (62), Струмица (78), Свети Николе (86), Велес (66) и Тетово (49). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

– Во однос на 35-годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Сyанxyосум, Обеситас, ХТА и шизотипно растројство, а 49-годишното починато лице од Тетово е со дијагноза ХТА и Ст пост Тромбофлебитис, пациентката била на антикоагулантна терапија – се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Во него исто така се додава дека во Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, не се пријавени дополнителни починати лица.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се и 317 оздравени пациенти од: Скопје – 126, Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево по 3, Валандово и Богданци по 2 и по еден оздравен од Тетово, Кичево и Крива Паланка.

Направените 2.633 тестови се преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-47, Институт за микробиологија–295, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-96, Биотек-172, Систина-33, лабораторија Лаор-139, Синлаб-3, Плодност–43, Генеа-8, Никоб лаб-181, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-25, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.

Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 212.220, бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.