Во Битола 12 лица скапо ќе ја платат својата недисциплина. Додека седумина ќе треба да платат по 100 дневни глоби од по 20 евра затоа што не го почитувале полицискиот час и биле затекнати надвор, петмина обвинети, кои се наоѓале во изолација во хотелот „Молика“ ќе мора да платат по 10 дневни глоби затоа што наместо да седат во своите соби, тие се групирале во една хотелска соба.

Според Основното јавно обвинтелство на Битола, пет обвинети на кои била определена мерка на строга изолација – државен карантин во траење од 21 ден во хотелот „Молика“, биле затекнати од овластени службени лица како се групираат во една соба, иако им било забрането да ги напуштаат своите соби за времетраење на изолацијата.

Со предлогот за казнен налог, Обвинителството предложи на четворица да им  биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби во вредност од по 20 евра. За петтиот обвинет, пак, во чија соба во два наврати биле затекнати другите обвинети, се предлага парична казна од 100 дневни глоби, но секоја глоба да биде во вредност од по 30 евра, бидејќи ова лице сторило продолжено кривично дело од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.​

Сите 12 обвинети се теретат за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик“.

М.М.