МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација и притоа заразил неколку други лица, со што придонел за ширење на епидемијата.
Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на прес-конференција информираше дека станува збор за лице кое на 8 март по полноќ влегол на граничниот премин Табановце во земјава. Тој наместо да се придружува до прописите за заштита од ширењето на коронавирусот, слободно се движел, остварувал средби и заразил повеќемина.

– Осомничениот наместо да ги почитува прописите, тој се однесувал спротивно на одлуките и во континуитет остварувал средби со неговите родители, братот, неговата пријателка, остварувал и средби во фирмата – рече Петровска.

Од полициски службеници од полициската станица Карпош била извршена проверка и разговор со него и тој тогаш изјавил дека нема остварено влез и излез од земјава, со што дал лажен исказ.