Фото: Игор Бансколиев

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека бројот на новозаразени од ковид-19 во градот е во намалување. Имено, изминатата седмица, односно во периодот од 12 до 18 април, во општина Прилеп имало 277 нови случаи на ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 14 лица.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 935. На болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 80 пациенти.

Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 7.910, а од коронавирусот починале 378 лица. Ка.М.